Од петок нестабилно време со локално невреме
01.06.2017 10:16
| KumanovoNews
Позначително дестабилизирање на времето ќе има од утре попладне и во сабота, кога повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, соопштуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи.
Потоа, во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд, грмежи, појава на град и засилен ветер.