Мени

Од понеделник ќе се прска против глувци и бубашваби во канализациската мрежа во Куманово

15.05.2026 14:42 | KumanovoNews

Од понеделник започнува прскањето против глодари и бубашваби во канализациската мрежа во Куманово.

Од понеделник ќе се прска против глувци и бубашваби во канализациската мрежа во Куманово

„Претстојните третмани ќе се реализираат во периодот од 18 до 20 мај 2026 година, во терминот од 08:00 до 16:00 часот. Во рамки на првиот пролетен циклус ќе се спроведе дератизација против глодари и третман против бубашваби во канализациската мрежа на територијата на Општина Куманово. Во процесот на дератизација ќе се користи препаратот „Дератион парафинато“, а за третманот против бубашваби препаратот „Цимина плус““, соопшти Општина Куманово.

Доколку временските услови не бидат соодветни за спроведување на предвидените активности, третманите ќе бидат одложени за период кога условите ќе бидат поволни.