Од синоќа загадувањето се намалува со аеросолизација
Како мерка за намалување на загаденоста на воздухот во Куманово, од синоќа започна да се врши аеросолизација во централното градско подрачје.

Со оваа постапка се опфатени улиците: „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Народна Револуција“ и „Октомвриска револуција“, каде концентрацијата на ПМ10 честичките е најголема.
Аеросолизацијата на воздухот првпат беше спроведена во февруари и март годинава, откако беше регистрирано големо загадување на воздухот. Тогаш надлежните се пофалија дека има резултати од прскањето со вода.
Прскањето со аеросоли се врши во вечерните часови, а со оваа метода се врши зафаќање на ПМ10 честичките кои се таложат на улиците.
Мерката за аеросолизација е дел од акцискиот план за почист воздухот, бидејќи со години наназад Куманово е една од најзагадените општини во државата.