×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре со аеросолизација ќе се намалува загадувањето во Куманово

    13.11.2018 13:20 | KumanovoNews

    Од Општината Куманово најавуваат дека од утре ќе започнат со аеросолно запрашување, за да се намали загадување на воздухот во централното градско подрачје.

    Од утре со аеросолизација ќе се намалува загадувањето во Куманово

    Со оваа постапка ќе бидат опфатени улиците: „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Народна Револуција“ и „Октомвриска револуција“, каде концентрацијата на ПМ10 честичките е најголема.

    Аеросолизацијата на воздухот првпат беше спроведена во февруари годинава, откако беше регистрирано големо загадување на воздухот. Тогаш надлежните се пофалија дека има резултати од прскањето со вода.

     Прскањето се врши во вечерните часови, од 20 до 1 часот по полноќ, а со оваа метода се врши зафаќање на ПМ10 честичките кои се таложат на улиците.

    Мерката за аеросолизација е дел од акцискиот план за почист воздухот, бидејќи со години наназад Куманово е една од најзагадените општини во државата.