Од утре затворена за сообраќај делницата Куманово-Опае
28.07.2019 08:40
| KumanovoNews
Регионалниот пат Куманово – Опае, од утре до среда, ќе биде затворен за сообраќај.

„На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово - Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на сообраќајот од 29.07.2019 год. (понеделник) до 31.07.2019 г. (среда) во времетраење од 09 до 18 часот“, - информираат од АМСМ.