Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во организација на Сојуз на борци од народноослободителна и антифашистичка војна 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи – Куманово, денеска во с. Жегљане се одбележаа 77 години од формирањето на славната партизанска единица „Трета МУБ“.
Во училишниот двор каде што е формирана бригадата, во чест на загинатите борци свежо свеќе положија делегациите на Сојуз на борци – Куманово, општините Куманово и Старо Нагоричане и АРМ.
Пред присутните гости за формирањето и борбените успеси на бригадата зборуваже Зора Ивановска, член на претседателството на Сојуз на борци – Куманово. Поради пандемијата и здравствените протоколи оваа година одбележувањето на овој историски настан се организираше со мал број на учесници.
На 26-ти февруари во 1944 година бригадата е формирана во козјачкото село Жегљане од двата кумановски баталјона, „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Јордан Николов Орце“ и третиот Преспанско- битолски баталјон „Стив Наумов“. За краток период , бригадата бележи бројни успешни акции.
Борците од бригадата се бореле против четниците во кумановско, по што го нападнале затворот Идризово за да ги ослободат политичките затвореници. Својот поход го продолжуваат за ослободување на Велес.