×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележани 10 години од постоењето на детскиот ликовен камп „АСНОМ“ во Куманово

    10.07.2020 08:25 | KumanovoNews

    Околу петнаесетина ученици од основните училишта во Куманово од шесто до девето одделение, четири дена твореа на детскиот ликовен камп „АСНОМ 2020“.

    Одбележани 10 години од постоењето на детскиот ликовен камп „АСНОМ“ во Куманово

    Под менторство на професорката Симона Јакимовска, делата кои оваа година беа создадени од учениците, ќе бидат донирани во Дневниот центар  за лицата со интелектуална попреченост „Порака наша“.

    Цртежите се изработени во анимација со помош на пластелин, сликање на платно и цртање, односно графичка техника-монотипија.

    Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потенцираше дека ова е само уште еден пример дека и во услови на криза, може да се случуваат убави работи, а на учениците им посакува да продолжат да создаваат и творат трајни дела  кои ќе им го отворат патот во уметноста.

    „Воедно сакам да упатам порака до сите млади и креативни луѓе во градот да го следат вашиот пример и да се развираат на сите полиња на културата и уметноста подеднакво, заедно со вас и да учат од вас и да ги споделувате заедничките вредности. Ова е уште еден пример, дека во Општина Куманово и во усллови на криза кога сакаме и те како добро можеме да се организираме и да направиме заеднички резултат којшто денес се гледа во овие цртежи“, рече Димитривски.

    Директорот на Фондацијата за култура и спорт, Нино Величковски, потенцираше дека со овој настан се одбележува и јубилеј на 10-годишно постоење на фондација, а воедно и Детскиот ликовен камп.

    „Ние како Фондација со нашето работење и несебчно давање и вакви проекти, во овие десет години, докажавме за оправданоста на постоењето на оваа фондација. Голема благодарност до сите кои ни помогнаа, а овие цртежи ќе ги донираме на Порака наша, со можност за понатамошто, дај боже, продавање на истите“, рече директорот Величковски.

    Учениците беа презадоволни од учеството и другарувањето на кампот, и велат дека со задоволство ќе учествуваат и наредната година. На сите им беа доделени благодарници.

    Куманово е град кој може да се пофали со голема традиција во ликовната умерност и голема збирка на дела коишто се од наши автохтони уметници, а покрај нив секако може да се пофали и со посета од голем број на светски уметници. Куманово, минатата година беше прогласен и за град на културата за 2019 година.