Официјално почнува претседателската кампања
01.04.2019 11:59
| KumanovoNews
Кандидатите за претседател на претстојните претседателски избори денеска ја започнуваат официјалната предизборна кампања, која трае до 19 април.

Првиот круг на изборите ќе се оддржи на 21 април.
Кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски ќе ја започне кампањата со митинг во Прилеп.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова тргнува од Охрид, а Блерим Река, кандидатот на Алијансата на Албанците и Беса првиот митинг ќе го одржи во Скопје.
Гордана Сиљановска Давкова во сабота ќе одржи на митинг во Куманово.