Ограбени две цркви во Општина Ранковце
18.03.2019 08:30
| KumanovoNews
Непознати сторители извршиле две тешки кражби во црквите „Св. Богородица” во селото Ранковце и во црквата „Св. Параскева” во селото Радибуш.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 15 и 16 март 2019 година, сторителите со употреба на сила влегле во внатрешноста на црквата и одзеле пари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на двата случаја.