×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oколу 800 Французи ќе пристигнат во Крива Паланка

    07.08.2019 11:28 | KumanovoNews

    Oколу 800 Французи утре ќе пристигнат во Крива Паланка, како дел од 6-то издание на „Еуроп-Раид“, првото авантуристичко патување низ Европа.

    Oколу 800 Французи ќе пристигнат во Крива Паланка

    Тие ја одбраа Крива Паланка како место познато по своите активности во областа на Франкофонијата.

    Во 16 часот во дворот на ООУ „Јоаким Крчовски“ ќе се одржи франкофонски музички хепенинг, а подоцна во 20 часот гостите ќе ја проследат културно-уметничката програма на градскиот стадион.

    Во рамки на Еуроп-Раид 2019, 260 екипажи со возило „пежо 205“, тргнаа од Париз на 27 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе 17 тони училишна опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина до Бугарија, преку Албанија и Северна Македонија.

    Поминувајќи 10.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да понесе најмалку 100 кг училишна или спортска опрема: училишни торби, тетратки, листови, моливи, топки, играчки…  „Еуроп-Раид“ сака да им помогне на  деца кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови.

    Во рамките на оваа активност, францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние ќе оствари средба со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.