Општа болница: Повредени тројца полицајци
09.05.2015 08:48
| KumanovoNews
Од хируршкото одделение во Општа болница Куманово потврдуваат дека утрово во 5 часот се донесени тројца повредени полицајци.

По укажаната помош истите се префрлени на Скопските клиники. На едно лице во моментот му се укажува помош затоа има прострелна рана во левата потколеница.
Според други неофицијални извори, се тврди дека има 12 повредени полицајци, па дури и загинати.
Во моментов во градот нема пукотници, но присутни се големи полициски сили во западниот дел на градот.