×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе ангажира 23 асистенти за помош на старите и лицата со попреченост

    06.08.2019 11:48 | KumanovoNews

    Општина Куманово, преку програмата за општо-корисна работа ќе ангажира 23 лица кои ќе помагаат на лицата со пореченост и со стари и изнемоштени лица во домашни услови.

    Општина Куманово ќе ангажира 23 асистенти за помош на старите и лицата со попреченост

    Со учениците со попреченост во совладување на наставната програма во неколку основни и средни училишта индивидуално ќе работат 16 образовни асистенти, со 44 корисници во двата центри за лица со попреченост ќе работат 4 ментори, а тројца асистенти ќе помагаат на 15 стари и изнемоштени лица во домашни услови во извршување на нивните секојдневните обврски.

    По 4 часа дневно ќе бидат работно ангажирани стручни лицa, пред се одделенски наставници, педагози, психолози, дефектолози, социјални работници, ментори за музички и физички активности, физиотерапевти и медицински сестри.

    „Проектот започнува на 01.09.2019 година и ќе трае до 30.06.2020 година, во кој ќе бидат ангажирани вкупно 23 невработени лица како даватели на услуги и вкупно 76 крајни корисници на услугите. Во зависност од проектната идеја, ангажманот на невработените лица ќе биде во траење од 6 односно 9  месеци. Висината на надоместокот на ангажираните лица на месечно ниво изнесува 9.000 денари, во кои е вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест“, - соопштуваат од Општина Куманово.

    Надлежните за спроведување на проектот велат дека минатата година оваа мерка дала извонредни резултати. Првично биле ангажирани 20 лица, но поради интересот Општината финасирала уште 5 асистенти, за да излезе во пресрет на сите заинтересирани.

    „Родителите беа воодушевени од резултатите коишто ги постигнаа нивни деца. Имаше голем напредок во совладување на наставниот процес, како и во процесот на социјализација. Голем дел од родителите побараа од нас проекот да продолжи и оваа година. Веќе се јавуваат и аплицираат. Верувам дека и одзивот кај старите лица ќе биде поголем, лани беа малку скептични, но се подигна свеста за помош и се стекна довербата дека сакаме искрено да им помогнеме и веќе се интересираат нивни блиски, нивните лекари, за да ги вклучиме во проектот,- вели Тања Стефановска, општински координатор на програмата Општо-корисна работа.

    Проект „ Локална прегратка 2“, 80 отсто го финасира државата преку Агенцијата за вработување, а 20 отсто Општина Куманово. Општината ќе обезбеди средства за уште два асистенти од сопствениот буџет.

    Кандидатите за учество во проектот можат да се пријават од 05.08.2019 до 16.08.2019 година. Невработените треба да аплицираат во Агенцијата за вработување, а корисниците на услугата во Општина Куманово.