Општина Куманово одвои 5.000 евра за поплавените
12.02.2015 12:56
| KumanovoNews
Општина Куманово ќе одвои 300.000 денари, за помош на граѓаните чии домови беа поплавени во изминатите два месеци.

Оваа одлука вчера беше изгласана на седница на Советот на општина Куманово. Иницијативата за една ваква помош дадоа советниците од најголемите партии во соевтот, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
“Сметаме дека со оваа одлука ќе излеземе во пресрет на населението кое претрпе штети и барем малку ќе ја ублажиме тешката ситуација во која се најдоа овие граѓани“ - вели Александар Арсиќ, советник од СДСМ.
Парите за оваа намена ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвен Крст на Македонија.