×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово поднесе кривична пријава против непознати лица за узурпација на земјиште и бесправна градба во Сопот

    23.11.2023 12:43 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело узурпација на недвижности од член 225 став 2 од КЗ и кривично дело бесправно градење 244-а став 1 од КЗ.

    Општина Куманово поднесе кривична пријава против непознати лица за узурпација на земјиште и бесправна градба во Сопот

    „Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј - Меморијален центар“, соопшти Општина Куманово. 

    Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно поставување.