×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе финансира 30 културни настани до јуни

    17.02.2014 16:04 | KumanovoNews

    До крајот на јуни Општина Куманово ќе реализира 30 културни настани за што ќе бидат потрошени 1.360.000 денари.

    Општината ќе финансира 30 културни настани до јуни

    Во програмата за одбележување се ставени: 70 години од битката кај Пелинце, “Пивтијада 2014“, Свети Сава, 70 години од загинувањето на Карпош, одбележување на Св.Трифун и Св.Валентин, биенална ликовна изложба од детски ликовен камп “АСНОМ 2012/2013“, 70 години од формирањето на “Трета МУБ“.

    Локалната самоуправа ќе го поддржи и учеството на претставници од Куманово на струмички карневал на 1 март, Ден на просветни работници Албанци на 7 март, Карадачки поетски средби на 11 март, театарска претстава “Вонредна седница“ која ќе игра на 18 март, одбележување на 8 април - Светски ден на Ромите, “Цветници“- аранжирање на цвеќе и икебани на 13 април.

    На 16 април ќе се оддржи Велигденски концерт и меѓународниот театарски фестивал “КУ-ФЕС“. На 23 април ќе се одбележи Светски ден на книгата и авторското право, а на 26 април ќе има Меѓународен натпревар во модерен танц.

    Мајски хепенинг ќе има во Студена Вода - Доброшане, а на 9 мај ќе се одбележи Ден на Европа и победата над фашизмот.

    За 10 мај е закажан маскенбалот “Батко Ѓорѓија“, за 15 мај Матурски бал, а на 23 мај ќе се одбележи Свети Кирил и Методиј, Ден на Власите и Матурски хепенинг.

    На 28 мај ќе се оддржи фестивалот на ромскиот фолклор “Јекипе - Единство 2014„, а на 7 јуни ќе биде детскиот фестивал на албански јазик “Пеперутка“. На 14 јуни ќе биде детскиот фестивал “Детелинка“, а на 17 јуни детски ликовен камп „АСНОМ„, на 24 јуни излегување на јадрото на кумновскиот одред  и на 18 јуни Видовден.