×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината подготвена за првиот снег

    21.11.2013 10:37 | KumanovoNews

     Локалната самоуправа Куманово подготвено ќе го дочека паѓањето на првиот снег.

    Општината подготвена за првиот снег

    Надлежните во Општината тврдат дека ги завршиле сите потребни подготовки за зимско одржување на улиците. На тендер се изберени две фирми кои со својата механизација и потребните количини на сол ќе ги одржуваат двата реони во градот.

    Фирмата „Катинг„ од Скопје ќе ги одржува улиците во источниот дел на градот, а „Кооп-инжинеринг„ западниот. Тие имаат обврска да обезбедат доволни количини на сол и машините за чистење на снег да бидат подготвени во секој момент да излезат на терен. Двете фирми имаат депонирано и банкарска гаранција од еден милион денари, со што се гарантира дека работите ќе бидат извршено квалитетно и на време. Спремно ја дочекуваме зимската сезона. - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Минатата година за потребите на чистењето на улиците двете фирми фрлиле над 200 тони сол.