Општината принудно ќе ги наплаќа долговите за данок и фирмарина за минатата година
Општина Куманово ќе врши принудна наплата на данок и фирмарина кон сите правни субејкти, кои не ги подмириле обврските за минатата година.
Од Секторот за даноци и такси од Општина Куманово, информираат дека е започната достава на решенија за присилна наплата за данок на имот на правни лица и решенија за присилна наплата на фирмарина т.е. комунална такса за деловна просторија за даночните обврзници кои не си ги подмириле своите обврски за 2017 година. Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски – истакна Андријана Недељковски раководител на Сектор за даноци и такси.
Сите даночни обврзници имаа пристап до својата финансиска картичка на веб страната на Општина Куманово, а ако имаат платен, но нерегистриран долг даночните обврзници да се јават лично во просториите на Општина Куманово во Сектор за днаоци и такси, спроти Градскиот стадион секој ден од 8 до 16 часот на прв кат.
Исто така вршиме достава на опомени за не платен данок на имот на физички лица. Ги повикуваме нашите сограѓани да си ги подмират своите законски обврски , за да немаат дополнителни трошкови за блокада во банка.