Општините од регионот ќе работат проекти од рурален развој
Општините од североисточниот регион заеднички ќе реализираат повеќе проекти за рурален развој.
Тие ќе имаат сопствено работно тело составено од 17 члена, луѓе од бизнис заедница, невладини организации, стопанска комора и други, кои ќе работат на осмислување на проектите.
“Работното тело ќе направи 15 до 20 проекти во сфера на руралниот развој. Ќе ги испитаме интересите на североисточниот плански регион, пред се кои се потребите во руралните средини, туризмот, земјоделството и со УНДП ќе најдеме донатори за да проектите ги спроведеме“ - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.
Во првата фаза за реализација дел од избраните проекти, УНДП ќе одобри 10 до 12 илјади долари.