Oслободeте се од електронскиот отпад и добијте награда
Жителите на Куманово во наредните педесетина дена ќе можат да се ослободат од старите електрични и електорнски апарати на 4 локации во градот и со тоа да учествуваат во наградна игра.

Акцијата за собирање на електричниот и електронски отпад започна на 2. мај а ќе трае до 28. јуни, на собирните пунктови во основните училишта „Христијан Kарпош“, „Кочо Рацин“, „Браќа Миладиновци“ и Јеродим Дерада во Черкеско село.
„Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични и електронски апарати како: компјутери, монитори, процесори, електрични шпорети, печки, пегли, миксери, соковници и сл., и истите да ги донесат на одредените локации. Покрај тоа што ќе имаат можност да се ослободат од електричниот и електронскиот отпад од своите домови добиваат можност да станат и потенцијални добитници на една од петте вредни награди“, - соопштуваат организаторите на акцијата компанијата Елколект и општината Куманово.
Наградувањето на совесните граѓани има за цел да ја подигне јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад заедно со останатиот комунален отпад.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Наградите за најсреќните се: ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер.
Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Куманово може да добијат и со повик на тел: 02/309 77 66 или на веб страната на Елколект www.elkolekt.mk.