Осмомартовски подароци за сечиј џеб
02.03.2015 13:32
| KumanovoNews
На платото пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, поставени се тезги на кои се продаваат осмомартовски подароци.

Продавачите нудат најразлични производи од стакло, порцелан, пластика, текстил и цвеќе, по цени за сечиј џеб.
“Цените се ниски , со попусти од 30 до 50 одсто. Имаме се што е потребно за 8 март. Засега слабо има купувачи, но се надеваме дека четврток и петок ќе купуваат за празникот. Пред самиот ден е ударно, а сега луѓето само поминуваат и гледаат“ - рече Лецка Спасовска, продавач.
Трговците ќе платат минимален надомест на општината зависно од квадратурата на просторот кој го зафаќаат, и бројот на денови.