×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оштетен кровот на црквата во Матејче, искорнати и скршени оловните плочи

    28.12.2021 12:17 | Сузана Николиќ

    Непознати сторители го оштетиле кровот на црквата „Успение на Пресвета Богоридица“ во манастирскиот комплекс Матејче, во Општина Липково. Од покривот се откорнати плочи од олово кои ја покривала првата патформа над вратите на црквата. 

    Оштетен кровот на црквата во Матејче, искорнати и скршени оловните плочи

    Оштетувањата викендов ги откриле ловџии кои престојувале во планината и случајот го пријавиле во полициските станици во Матејче и во Куманово.

    „Од кровот се извадени оловни плочи, дел се однесени, дел се расфрлани низ дворот. Се гледа дека сторителите дошле со возило, бидејќи има траги од гуми. Се поткачиле на скала и ги кршиле и откорнале плочите. Не знаеме кога биле, но направиле голема штета. Ова не е првпат. Местата каде што е тргнат лимот ќе почнат да протекуваат и со тоа дополнително ќе се оштети внатрешноста во црквата“, вели член на црковниот одбор од Куманово, кој ни ги испрати фотографиите. 

    Од Кумановската полиција потврдуваат дека вчера, кај нив е пријавено дека е оштетен кровот на црквата во Матејче, по што извршиле увид на лице место.

    „На 27. декември во 10.35 часот било пријавено дека во црква во село Матејче непознат сторител извршил оштетување на кровна конструкција и одзел предмети од кровот. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот“, соопшти Кумановската полиција за Кумановоњуз.

    За случајот била пријавена и во МПЦ-ОА, но и во Мистерството за култура од каде вчера испратиле екипа на терен.Црквата во Матејче постојано е мета на вандали, поради тоа што нема физичка заштита.

    Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е изградена 1362 година, а нејзин ктитор е цар Душан. Таа во себе го содржи најголемиот насликан ансамбл од 14 век на македонската територија и е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва и ремек-дело на дворскиот стил кој што бил карактеристичен за епохата на Палеолозите.

    Црквата е еден од најзначајните објекти во Македонија и нејзината грандиозна и велелепна архитектура може да се спореди само со црквата „Света Софија“ во Охрид. Меѓутоа, црквата се ноаѓа во очајна состојба откако во неа беше сместен штабот на УЧК во 2001 година. Во воениот конфликт голем дел од црквата беше уништен, фреските оштетени, а одмаралиштето разурнато и запалено.

    Министерката за култура Ирена Стефоска, по доаѓањето на функцијата во септември минатата година, кажа дека заштитата на културното наследство ќе биде нејзин врвен приоритет и макотрпно ќе работи на раскрстување со вандалскиот однос кон нашето наследство „бидејќи таквиот однос кон него, сите нѐ носи во пропаст“. Притоа на прво место го стави прогласувањето за културно добро во опасност на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.

    „Таквиот статус, добро во опасност, значи да се мобилизираат сите стручни и материјални ресурси во земјава и да се вклучуваат меѓународни експерти и ресурси за трајно решавање на проблемот. Зошто досега не бил применет овој пристап и за сите други загрозени културни добра од светско и од национално значење, на пример, актуелен е случајот и со манастирот ‘Успение на Пресвета Богородица’, во Матејче, иако уште во 2017 Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство повеле иницијатива за негово прогласување за културно добро во опасност“, кажа лани Стефоска.

    Оваа година Министерството за култура за проекти од национален интерес во областа на недвижно културно наследство во програмата културно наследство во опасност, спроведе проект во висина од еден милион денари за интервенции на архитектурата и ѕидното сликарство на црквата и реконструкција на камбанаријата на црквата Успение на Пресвета Богородица.

    Од црковниот одбор велат дека поектот бил реализиран во октомври, поставени се врати на црквата и камбанаријата, а реконструиран е и кровот на камбанаријата.