Осум часа пожарникарите го гаснеле отпадот на „Индустриска“
24.06.2025 08:14
| KumanovoNews
Повеќе од осум часа им биле потребни на пожарникарите од Територијалната пожарна единица од Куманово да го локализираат големиот пожар што синоќа зафати отпад на ул. Индустриска во Куманово.

„Во нас. Бедиње кај плацот за отпад на „Манта“ опожарен е поголем објект за резервни делови, и ниска вегетација. Интервенирано е од 17:55 часот со 5ПП возила и 13 пожарникари, пожарот е локализиран во 02.05 часот. Причина за пожарот како и матeријалната штета дополнително ќе се утврдува од надлежните“, информираат од Противпожарната единица.
Од пожарот црн густ чад го обвитка градот, и до доцна во ноќта се чувствуваше загадениот воздух.