Осум улици без струја
27.03.2015 08:11
| KumanovoNews
Осум улици во центарот на Куманово, денеска ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН.

Во период од 10 до 14.30 часот, без струја ќе бидат домаќинствата од улиците “11 Ноември“, “Боро Прцан“, “Милан Лисица“, “Сава Ковачевиќ“, “Трајко Јовановиќ“, дел од “Среќко Пужаљка„, “Професор Мијалковиќ“ и “Тонко Димков“. На наведените локации ќе има инвестициони зафати во мрежата.