×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Осумдесет отсто од дизелот го трошат камиони и автобуси

    26.11.2018 10:29 | KumanovoNews

    Половина од возилата кои се учесници во сообраќајот возат на дизел, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Осумдесет отсто од дизелот го трошат камиони и автобуси

    Дизел користат над 90 отсто од автобусите, 80 проценти од товарните возила и 48 отсто од автомобилите регистрирани во Македонија, пишува Мета.мк.

    „Речиси 80 отсто од дизел горивата кои се продаваат во Македонија се користат во транспортниот сектор, во тешките товарни возила и автобусите. Железничкиот сообраќај во Република Македонија се погонува со дизел гориво и електрична енергија. Најголемиот дел од моторните бензини кои се продаваат во Република Македонија се употребуваат во транспортниот сектор, во лесните патнички возила“ – стои во Националниот план за заштита на воздухот 2013-2018 година.

     Решавање на проблемот со загадувањето на воздухот ќе биде стратешки приоритет на Владата, соопшти минатата недела заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Во Планот за чист воздух стои дека активностите за спречување на загадувањето од транспортот ќе бидат насочени не само кон намалување на емисиите, туку и кон намалување на изложеноста на граѓаните дури се движат од едно до друго место.

    Според Државниот завод за статистика, во 2016 година, во однос на 2015 година, превозот на стоки во товарниот патен превоз е зголемен за 40,5 отсто, а во железничкиот превоз има намалување од 13,3 отсто.

    Бројот на регистрирани патнички автомобили во 2017 година изнесувал 403.316 што е зголемување од над 100.000 возила во споредба со 2012 година кога биле регистрирани 301.761 автомобили. Автобусите во земјава лани минале 42,3 милиони километри, а камионите 902 милиони.

    Податоците на ДЗС покажуваат дека патниот сообраќај учествувал со 2,2 отсто во загадувањето со ПМ2,5 честички во 2016 година, а со 1,9 отсто во загадувањето со ПМ10 честички. Студијата на МАНУ за загадувањето на воздухот од транспортот вели дека кај емисиите на нитроген оксид (NOx) главен виновник е транспортниот сектор кој учествува со 60 отсто од емисиите.

    Меѓународната агенција за истражување на ракот, издувните гасови од дизелот, ги категоризира во група 1 канцерогени супстанци и предизвикуваат рак на белите дробови и имаат поврзаност со рак на мочниот меур. Освен тоа, тие влијаат и на оштетување на срцето, белите дробови и на мозочните активности.