×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Осумдесетина учесници на креативната работилница во Центарот за култура

    25.07.2019 17:28 | KumanovoNews

    Осумдесетина дечиња од сите основни училиште во градот денеска учествуваа на креaтивната работичница во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Осумдесетина учесници на креативната работилница во Центарот за култура

    Младите уметници изработија стотина цртежи со најразлични мотиви, кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура.

    „Mногу сме задоволни од интересот што го покажаа. Се работи за дечиња до 10 годишна возраст. Иако е средина на летото сепак се потрудивме да им овозможиме неколку часа да бидат дел од една креативна работилница и да се дружат меѓусебно“, - изјави директорот Сашо Тодоровски.

    Дечињата ни рекоа дека уживаат во цртањето и дека наредниот пат повторно ќе дојдат.

    Сите учесници добија благодарници.

    Како добри домаќини, вработените обезбедија освежителни пијалоци и грицки за дечињата.

    Организаторот имаат идеја наредната година овие креативни работилници да траат по неколку дена.