Осумгодишно дете починало на пат кон болница
18.09.2020 18:19
| KumanovoNews
Во Општата болница во Куманово вчера билo донесено дете од Крива Паланка починато во возило на Итна помош.

„На 17.09.2020 во 05.15 часот во СВР Куманово, од болницата било пријавено дека кај нив за реанимација бил донесен починат осумгодишник од Крива Паланка без видливи траги на насилство. Според пријавеното, детето починало по пат во возило на Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, - соопштува МВР.