Осветена црквата кај Градските гробишта
14.04.2015 07:34
| KumanovoNews
Владиката Кумановско-осоговски Јосиф, вчера ја освети црквата “Воскресение Христово“ кај Градските гробишта.

Овој верски храм почна да се гради на 25 април лани, а досега на оваа локација во градот немаше црква.
“Верниците отсега ќе имаат молитвен дом, од каде достоинствено ќе ги испраќаат своите блиски во вечен живот“ - кажа свештеникот Драги Стојановски.
Црквата е изградена на темели на стара трпезарија каде 4 децении се извршувале парастоси, односно од средината на 30-те години на минатиот век.