Мени

Осветлување на клучките во Карпош и Пелинце

02.07.2015 10:40 | KumanovoNews

Јавното претпријатије за државни патишта ќе ги осветли клучките во населбата Карпош и Пелинце, со пари од Светска банка.

Осветлување на клучките во Карпош и Пелинце

Се очекува осветлувањето на овие 2 клучки, од вкупно 12 во земјава,  да заврши во средината на септември годинава. Директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов вчера направи увид во градежните активности на клучката Карпош- Куманово  на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, како  и на клучката Пелинце на делницата Куманово-Пелинце. На  клучката Карпош активностите се во поодмината фаза и се работи на поставување на канделабрите, додека  на клучката Пелинце е завршено со бетонирање на фундаментите за канделабрите, по што ќе се отпочне со нивно поставување.

За осветлување на сите 12 клучки ќе бидат потрошени 36 милиони денари.