Отказ за помлад инспектор во СВР Куманово
16.02.2015 08:59
| KumanovoNews
Помлад инспектор од СВР Куманово минатат недела добил отказ.

На И.И. помлад инспектор за општ криминалитет во СВР Куманово, изречена му е мерка отказ, бидејќи не постапувал по барања на ОЈО и вештачењата за предметите не ги доставувал во законски предвидениот рок.
Минатата недела поведени се 24 дисциплински постапки против вработени во МВР, од кои 17 се казнети парично.