Отсечени повеќе планински села поради снег
09.03.2015 10:20
| KumanovoNews
Планинските села Арбанашко, Длабочица, М'гленце, Жељувино, Дренак и Цветишница во општина Старо Нагоричане, се отсечени по последните врнежи од снег.

Во овие села снежната покривка е над 35 цм, а регистрирани се и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
„Општината веќе ги презема потребните мерките за расчистување на патните правци, по што и екипи на ЕВН ќе излезат и ќе ги отстранат дефектите во тој реон“- велат од РЦУК.
И во општина Липково во повисоките планински села има снег, но рамничарските села се проодни.