×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен ден во „11.Октомври“

    04.05.2017 13:25 | KumanovoNews

    Основното училиште „11. Октомври“ вчера организираше отворен ден за учениците, кои оваа година треба да тргнат на училиште.

    Отворен ден во „11.Октомври“

    На повеќе штандови, кои ги изготвија професорите, учениците и нивните родители имаа можност да видат што нуди училиштето и наставниот кадар во воспитно-образовниот процес.

     „Бидејќи завчера започна уписот на првоододеленчиња во новата учебна година, овој отворен ден го правиме со цела да ја запознаеме пошироката јавност со работата на нашето училиште. Ова е можност родителите да се запознаат со наставниот кадар, со условите за работа во училиштето, со програмите по кои работиме и со проектите кои се во тек. Да ја почувствауваат позитивната и мотивирачка атмосферата која владее во училиштето, - изјави директорката Елизабета Костиќ.

    Таа додава дека се задоволни од одзивот и заинтересираноста кај родителите за упис на нивните деца во ова основно училиште кое се наоѓа во централното градско подрачје.

    „Ние имаме добри услови за работа, поаѓајќи од квалитетен наставен кадар, многу добра стручна служба составена од педагог, психолог, дефектолог и библиотекар.Исто така во наставата има вклучено и тројца дефектолози од проектот „Моќ на партнерство“, кои работата индивидуално со учениците ако има потреба. Во нашето училиште единствено во градот се изучуваат 4 странски јазици: англиски, германски, италијански и француски, а единствени во градот имаме и волонтер Американец од Мировниот корпус, кој работи со децата за подобрување на комуникацијата на англиски јазик, - вели Костиќ.

    Во новата 2017/18 година во основното училиште „11. Октомври“ планирано е да се  оформат 4 паралелки на првачиња. Оптималната бројка на ученици е од 15 до 20, што овозможува можност за индивидуална настава.