Отворена 17. Меѓународната ликовна колонија „Карпино“
Во комплексот „Грација“ вчера започна 17. Меѓународната ликовна „Карпино 2019“. На колонијата учествуваат 15 уметници од Италија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија.

„Изборот за тематиката и мотивот за создавање на делата е препуштена на добрата воља на уметниците. Предвидена е прошетка и посета на културолошките знаменитости во Куманово, Кратово и Пробиштип. Посета на црквата „Св.Никола“ и галеријата на икона каде што е и самиот иконоста и Владичкиот престол и певница од „Карпино“, - изјави Валентина Илиевска, уметнички директор на колонијата.
На затворањето на колонијата на 4 септември, ќе се одржи „Шипева вечер“, посветени на Драгиша Димитријевски Шипе, еден од иницијаторите за одржување на оваа ликовна колонија
Колонијата ја организира Мулти медијалниот центар „Карпино“.