Отворени денови со Управа за водење на матични книги
23.12.2013 14:33
| KumanovoNews
Во јануари следната година во просториите на Управа за водење на матични книги ќе се организираат отворени денови.
На отворените денови граѓаните ќе можат да добијат информации и појаснувања во врска со издавањето на документите од матичната евиденција како и за запишувањето на податоците за промените во граѓанската состојба во матичните книги на родени, венчани и умрени - велат од Министерството за правда.
Во просториите на ул. „Гоце Делчев“ бб во Куманово на прашањата на граѓаните ќе одговара директорот на Управата за водење на матичните книги, Ашим Зеќироски и стручни лица на УВМК.
Истовремено отворени денови ќе има во осум подрачни единици и во централата на управата во Скопје.

