“Отворени денови“ во ФЗО Куманово
14.04.2015 07:42
| KumanovoNews
Во просториите на Фондот за здравствено осигурување Куманово, секој четврток од 10 до 15 часот до крајот на јуни ќе се одржуваат “Отворени денови„.

Оваа новина важи за сите подрачни служби на Фондот во државата. Во четврток институцијата ќе биде отворена за предлози, сугестии, прашања и идеи од граѓаните. Целта е преку ваков транспарентен начин, осигурениците да учествуваат во креирање на политики и да придонесат за подобро функционирање на ФЗО.