Отворени денови во Управата за имотно-правни работи
11.03.2015 09:57
| KumanovoNews
Во подрачното Министерство за финансии, во петок (13 март), ќе се одржат отворени денови во Управата за имотно-правни односи во Куманово.

„На овој начин сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните, преку непосредна комуникација со нашите стручни тимови да добијат стручна помош за решавање на проблемите од имотно - правен карактер“ - стои во соопштението од Министерството за финансии.
Граѓаните ќе можат да ја посетат канцеларијата и да побараат помош од 8.30 до 17.30 часот.