“Отворено со катастарот“ утре и задутре во Куманово
20.01.2015 09:18
| KumanovoNews
Во одделението за катастар Куманово, утре и задутре ќе се одржи настанот “Отворено со катастарот“.
Во акцијата „Отворено со катастарот“ раководството и стручните тимови ќе го посетат одделението за катастар Куманово. Вратите ќе бидат отворени за сите граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот, со можност за нивно решавање веднаш на лице место, како и отворени врати за предлози, сугестии и идеи за подобрување на работата на подрачните одделенија на катастарот.