19. 11. 2020 11:38

Отвори – Одбери – Нарачај: Елида доставува до вашиот дом

Отвори – Одбери – Нарачај: Елида доставува до вашиот дом

Елида маркети на своите купувачи им обезбеди нова можност – да пазаруваат од удобноста на својот дом.

На новата веб-страна и онлајн продавница  www.elida.com.mk, Елида стави на располагање речиси 3.500 производи достапни за нарачка кои ги доставуваат на домашна адреса на граѓаните.

- Со www.elida.com.mk пазарувањето онлајн го направивме лесно достапно и едноставно за нашите купувачи и ги „донесовме“ нашите маркети до нивните домови. Заштедете време и пазарувајте едноставно преку својот смартфон, лаптоп, компјутер или таблет додека се релаксирате во вашата омилена позиција, а нарачката дочекајте ја на вашиот праг. Ваше е да ја наполните виртуелната кошничка на www.elida.com.mk, да ги одберете посакуваните производи и нивните количини, а пратката ќе биде доставена до вашиот дом, - информираат од компанијата.

Плаќањето на нарачките може да се врши онлајн со платежна картичка или во кеш при самото предавање на истите. Нарачките кои ќе бидат извршени пред 14 часот, ќе бидат доставени истиот ден или во договор со купувачот, а оние кои ќе бидат направени по 14 часот, ќе бидат доставени до крајот на наредниот ден или во договор со купувачот.

Доставата на нарачките се извршува исклучиво во Куманово и околните населени места наведени подолу во листата, а ќе се наплатува при нивното предавање на домашна адреса. Тарифата за достава е од 60 до 150 денари според реонот по следниот ценовник:

Центар - 60 ден.

Соколана - 60 ден.

Трговски - 60 ден.

Зелен Рид - 60 ден.

Диво Насеље - 60 ден.

Монопол - 60 ден.

Октомвриска - 60 ден.

Перо Чичо (Банево трло) - 80 ден.

Карпош (Рајкова куќа) - 90 ден.

Тромеѓа - 90 ден.

Ајдучка Чешма - 90 ден.

Бабин Дол - 90 ден.

Д. Којнаре - 90 ден.

Бедиње - 90 ден.

Индустриска - 90 ден.

Доброшане - 100 ден.

Романовце - 120 ден.

Г. Којнаре - 120 ден.

Режановце - 150 ден.

Фејсбук: https://www.facebook.com/ElidaMarketi/

Инстаграм:https://www.instagram.com/elida.marketi/

(ПР-текст)

Отвори – Одбери – Нарачај: Елида доставува до вашиот дом

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk