×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пајакот на принуден одмор до Нова година

    21.11.2013 16:22 | KumanovoNews

    Пајакот остана без работа затоа што истекол договорот на претпријатието што стопанисува со него

    Пајакот на принуден одмор до Нова година

    Од понеделник не работи пајак службата во градот. Како што информираат од ЈП „Куманово- паркинг„, пајакот е на принуден одмор затоа што на ЈП „Чистота и зеленило„ му завршил договорот за извршување на работите. Новиот тендер ќе биде распишан наредната недела, а целата постапка ќе трае до крајот на декември.

    Од Паркинг велат дека покрај нов изведувач, бараат и редефинирање на условите за работа на пајак службата.

    Ние како носители на оваа дејност досега бевме во подредена состојба и тоа мора да се смени. Сега бараме нашето претпријатие да менаџира со пајак службата, бидејќи се наоѓаме во тешка финасиска состојба и мораме да најдеме модул за нови приходи, за да застанеме на здрави нозе. Ние сме формирани за да ја вршиме таа дејност и неможе тоа да го прави некој друг наместо нас.-изјави Фадиљ Шабани директор на ЈП „Куманово-паркинг„.

    Пајак-возилото кое го користи службата е во сопственост на ЈП „Чистота и зеленило„ и 85 проценти од сретствата од казните оделе во касата на ова претпријатие. Од Паркинг не се задоволни од распределбата, бидејќи со добиените пари не можеле да ги покријат ни платите на двајцата вработени. Директорите на двете претпријатија и градоначалникот треба што поскоро да најдат решение и за овие несогласувања.

    Пајак службата во градот беше воведена пред четири години и ги подигаше непрописно паркираните возила по кумановските улици, иако граѓаните постојано се жалеа дека тоа се врши селективно и само во одредени делови на градот.