Пакети со храна и вода за поплавените семејства
        06.02.2015 09:16
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Волонтерите на Црвен Крст денеска ќе поделат пакети со храна, вода, средства за лична хигиена и ќебиња на семејствата од поплавените села во кумановско.
 
                  Обезбедена е помош за 30 семејства од селата Јачинце, Клечовце, Бељаковце, Довезенце и Шупли Камен.
“Направен е увид со одговорните од месните заедници. Денеска помош ќе биде поделена за 15 домаќинства. Освен храна, вода и средства за хигиена, на секое семејство ќе однесеме по три ќебиња и чизми. Се очекува уште еден бран и сигурно пак ќе им треба помош на луѓето“ - вели Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.
За време на викендот повторно се очекуваат обилни врнежи од дожд.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





