Панихида во „Свети Никола“ за загинатите полицајци
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово организираше панихида во црквата „Свети Никола„ за полицајците кои загинаа во конфликтот на 9. мај 2015 година во „Диво насеље“.

„Денеска се собравме да оддадеме почит на луѓето кои за оваа земја ги положија своите животи, храбро нештедејќи се себе и давајќи пример на сите како треба да се брани државата, како треба да се брани народот на оваа држава. Сакам да кажам дека посетеноста е доста масовна, многу луѓе не се партиско членство што ја покажува благодарноста на кумановчани кон загинатите, - изјави пратеникот Зоран Ѓорѓиевски.
По завршувањето на панихидата, партијата ќе одржи комеморација за загинатите бранители.