Пазарните инспектори во контрола на угостителите
03.04.2015 07:03
| KumanovoNews
Зачестени контроли, кај сопствениците на кои вршат угостителска дејност надвор пред деловниот објект, најавуваат од Државниот пазарен инспекторат.
“Од тие причини потребно е сите угостителски објекти да обезбедат одобрение за вршење на угостителска дејност пред објект, согласно член 8 од Законот за угостителска дејност, издадена од градоначаникот на општината“ - стои во соопштението од ДПИ.
Од 23 до 27 март при контролите во Куманово, издадено е едно решение за привремена забрана во траење од 30 дена по Закон за угостителска дејност.