Пчиња повторно се излеа
Реката Пчиња синоќа по 18 часот се излеа во атарот на селата Шупли Камен, Зубовце, Пчиња и Студена Бара.

Притоа поплави само обработливо земјоделско земјиште. Ако денеска временските услови бидат поволни, водата ќе се врати назад во речните корита и ќе почне санација на поплавениот терен. Другите реки во кумановско засега се стабилни.
“Реките Kојнарка и Липковка се стабилни по своето течение, но со зголемени водостои. Соодветните испуштања на водата од хидроакумулациите Липково и Глажња кои ги прави Водостопанство Кумановско Липковско поле, доведуваат до зголемување на водостојот на реките Липковка и Кумановка, но истите се со дозволеното ниво. Нивото на притоките на Пчиња, Бистрица, Тополница и Петрошница е ниско и немаат некое големо влијание на зголемување на севкупното ниво на Пчиња во општината Старо Нагоричане“ - стои во соопштението од РЦУК.
Во општина Липково зголемени се водостоите на реките Матејчанка, Слупчанка и Липковска река.