×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пехар за хуманост за волонтерите на Црвен крст од Куманово

    07.06.2017 12:16 | KumanovoNews

    Пехар за промоција на хумани вредности за добробит на заедницата добија волонтерите на Црвен крст од Куманово.

    Пехар за хуманост за волонтерите на Црвен крст од Куманово

     Највисокото признание за хумани вредности на Црвен крст е доделено за покажаната хуманост и пожртвуваност во организирање хуманитарни акции и помош за ранливите категории на граѓани. Вакво признание за првпат се доделува на Оштинската организација на Црвен крст Куманово.

    „Ова е голем успех за нас и се чувствуваме многу гордо, бидејќи сме помлади волонтери, а успејавме да направиме значајни активности со кои го заслуживме Пехарот, -изјави волонтерката Христина Петковска, ученичка во техничкото училиште „Наце Буѓони“.

    Проектот траеше 3 месеци, од февруари до април, а во работата беа вклучени педесетина волонтери од основните и средни училишта на возраст од 14 до 18 години, кои работеа на 7 проекти во новиот ПХВ циклус .

    Тие организираа  обука по прва помош за средните и основните училишта,  хуманитарни концерти за семејства во Куманово, Липково и Лојане, вработување на едно лице, бесплатно учење на македонски и албански јазик, уредување на дворот со клупи и фонтана во едно средно училиште и друго.

    Покрај волонтерите од Куманово, признание добија и општинските организации на Црвен крст Карпош и Гостивар.