Пензионерите ќе ја играат „Ленче Кумановче“ во МКЦ
05.03.2019 12:12
| KumanovoNews
Аматерската драмска работилница при КУД „Ѓоко Симоновски“, на Здружението на пензионери Куманово, утре ќе ја одигра претставата „Ленче Кумановче“ од Васиљ Иљовски, во режија на Јовица Станковски.

Во претставата играат: Славица Ламбаша, Станиша Арсовски, Часлав Богатиновски, Даница Јовановска, Драган Тасевски и др.
Претставата се игра во Младинскиот културен центар (МКЦ) -поранешно кино Козјак, со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.
Во четврток пензионерите организираат музичко-поетска вечер, по повод Денот на жената - 8 март, со почеток во 18 часот во Занаетчискиот дом во Куманово.