Пензионерите организираат пролетен крос
24.04.2015 07:23
| KumanovoNews
Здружението на пензионери Куманово утре во Соколански парк, организира традиционален пролетен крос.

Кросот ќе започне во 11 часот, а учеството ќе биде рекреативно.
“Мажите ќе трчаат 2 круга, е жените по еден круг. Целта е пензионерите да излезат од дома и да уживаат во пролетното сонце“ - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Пензионерите два пати годишно, во пролет и есен организираат кросови.