Мени

Пензионерките организираат поетска вечер

04.12.2018 13:50 | KumanovoNews

Во рамки на „Неделата на грижа за  стари лица“ утре (5 декември) под мотото „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА “ и како дел од предновогодишните активности Активот на жени на Здружението на пензионери - Куманово , организира читање на поезија и проза од омилени домашни и странски автори,  и дружење под наслов „Чајанка во светот на мечтите и фантазијата“.

Пензионерките организираат поетска вечер

Почетокот на манифестацијата е во 17 часот во просториите на Здружението на пензионерите,на улица „Димитар Влахов “ 42 Куманово.