Пензионерска “Шегобијна разгледница“
30.03.2015 07:39
| KumanovoNews
Здружението на пензионери Куманово утревечер ја организира манифестацијата “Шегобијна разгледница“, која ќе се одржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во 19 часот.

Пензионерите ќе читаат шегобијни песни, ќе настапи хорот, солистите и КУД“Ѓоко Симоновски“. Оваа манифестација пензионерите ја организираат традиционално 14-та година по ред, а влезот е слободен за сите посетители.