Петмина кумановци членови на највисоките партиски тела на СДСМ
Оливер Спасовски, Максим Димитриевски, Зоран Дамјановски и Александар Арсиќ, се новите членови на централниот одбор, а Марјан Спасовски на надзорниот одбор на СДСМ.

Тие се избрани на вчерашниот конгрес на СДСМ, кој се одржа во Скопје, откако ја добија подршката на 700 делегати.
Во предходниот состав челнови на ЦО беа Оливер Спасовски, Максим Димитриевски, Андријана Колевска и Виктор Петрушевски.
Претставник од општинската организација на Старо Нагоричане е Жаклина Јовановска, од Ранковце Небојша Трајковски, од Крива Паланка Љупчо Николовски и Стеве Стојменовски од Кратово.
Досегашниот лидер Зоран Заев како единствен кандидат е повторно избран да ја води партијата во наредните четири години.
И Радмила Шекеринска ја доби довербата на конгресот и останува на функцијата заменик претседател на партијата.
Генерален секретар Оливер Спасовски, најверојатно поради назначување на министер во МВР ќе ја напушти партиската функција а на негово место ќе дојде Љупчо Николовски, кој беше министер за земјодели во техничката влада.