„Пежо“ излета од патот, тројца повредени
07.10.2019 08:57
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна незгода на патот Куманово - Крива Паланка, кога авомобил излетал од патот.

Сообраќајката се случила синоќа во 23.50 часот, кога М.Р.(22) од Куманово, кој управувал патничко возило „пежо’’, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Р. и сопатниците А.С.(22) и А.Д.(23), сите од Куманово, и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.