Планинари од “Куманово“ ќе се искачуваат на Мусала
23.05.2015 14:11
| KumanovoNews
Планинари од планинарското друштво “Куманово“ утре ќе се искачуваат на врвот Мусала во Бугарија.

Петнаесет планинари одат во дводневна планинарска акција и ќе се искачуваат на највисокиот врв на Балканот.
“Дел од планинарите веќе се искачувале, а некои прв пат одат на ваква акција. Понатаму ќе се искачуваме на Пирин планина“ - вели Стојанче Стефановски, претседател на “Куманово“.
Во август планинарите од ова друштво ќе се искачуваат на Триглав.